18:32 - 9 ноември, 2026

Во Париз само за една година 400.000 луѓе користеле тротинет, но од утре се воведува забрана

Париз од утре става забрана за користење на електричните тротинети на улици.

Ваквата мерка следи откако парижаните на јавен референдум гласаа за забрана на е-тротинетите, сметајќи дека создаваат небезбедност на јавните простори.

Денес, 31 август, е последниот ден кога електичните тротинети можат да се возат низ главниот град на Франција, а веќе од 1 септември, стапува на сила официјалната забрана за нивно користење.

Трите оператори за електрични тротинети ќе ги изгубат своите дозволи за окупација на јавните простори, откако во април, 90 отсто од јавноста гласаше дека „не“ за користење на електричните превозни средства.

Од почетокот на август, 15.000 тротинети постепено беа отстранувани од улиците, за веќе при крајот на месецот да се достапни само мал број електрични тротинети, во центарот на Париз.

Според операторите, во 2022 година, 400.000 лица ги искористиле е-тротинетите за движење низ градот.

Слични објави

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.
Се вчитува....