12:35 - 7 ноември, 2026

Душко Тошиќ има нова девојка: „Задоволен сум и среќен“

Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ потврди дека има нова девојка по бурниот развод со Јелена Карлеуша, со која беше во брак 16 години.

Извор за српските медиуми открил дека емоциите меѓу нив двајца многу брзо се развиле.

„Душко и Нора веднаш се поврзаа. Имаат слична енергија, поминуваат многу време заедно и речиси не се разделуваат“, изјавил изворот за порталот „Директно“.

По овие информации, кратко се огласи и самиот Тошиќ, кој изјави:

„Вистина е. Во среќна врска сум и задоволен сум.“

Бракот на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша со години беше тема во јавноста низ регионот. По бројни шпекулации, парот во септември 2024 година официјално потврди дека спогодбено се разведува по 16 години брак.

Карлеуша тогаш соопшти дека ги потпишала документите за развод и наведе дека целиот заеднички имот ќе биде префрлен на нивните ќерки Атина и Ника.

Тошиќ тогаш изјави дека најважно му е да остане присутен во животот на своите ќерки и дека меѓу него и Јелена постои договор за сите важни прашања.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....