06:15 - 28 ноември, 2026

Драгана Мирковиќ се „топи“ додека зборува за својата внука: „Таа има само седум месеци“

Драгана Мирковиќ стана баба кон крајот на минатата година и не ја крие својата среќа поради малата Ксенија, ќерката на нејзиниот син Марко Бјелиќ и снаата Мелани. Драгана отворено зборуваше за својата наследничка и истакна колку многу се приврзала за неа.

„Јас се топам кога ќе помислам на неа. Најискрено, таа е едно такво слатко детенце, сосема е нормално што секому својата ќерка или внука му е најдобра и најдрага, па така и мене“, рече најпрво Драгана Мирковиќ, па додаде:

„Навистина е мила, почна да ми подава рачиња кога ќе ме види, да се смее, едвај чека да ја земам. Многу е фантастична, навистина!“

„Знаеш што сака? Обожава кога ѝ пеам. ѝ растат запчињата, па кога е нервозна затоа што ја боли, почнувам да ѝ пеам и таа се смирува. Не можам да поверувам, сериозно, толку, толку многу го сака тоа, ги мести усничките како да сака и таа да пее со мене, тоа ми е фасцинантно. Таа е мала, има само седум месеци. ѝ ја пеам песната: „Ксенија, Ксенија, дали знаеш колку те сакам јас“, тоа малку го изменив текстот на песничката, односно: „Мамо, мамо, дали знаеш…“, ѝ пеам и староградски песни. „Спиј, спиј, мое мило злато…“, знаев со таа песна да ја заспијам“, рече Драгана воодушевено, со голема насмевка на лицето за „Екстра Еф-ем“.

Да потсетиме, Марко Бјелиќ минатата година се ожени, а потоа доби прво дете со Мелани. Тие живеат во Беч во замок заедно со пејачката, но како што Драгана претходно наведе, секој има свој кат.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....