22:01 - 8 ноември, 2026

Драгана Мирковиќ поднесе тужба против девојката која направила профил со името на нејзиниот син Марко

Српската фолк ѕвезда Драгана Мирковиќ соопшти дека е поднесена тужба против лице кое злоупотребило идентитетот на нејзиниот син Марко Бјелиќ на социјалната мрежа Тик-Ток.

Пејачката, која е позната по тоа што ретко коментира приватни теми, овојпат реши јавно да реагира, бидејќи некоја девојка креирала лажен профил со името на нејзиниот син, користејќи го за измами и привлекување следбеници.

„Ова е лажен профил на Тик-Ток.! Поднесена е тужба против девојката која се занимава со вакви измами“, напиша Драгана на својот Инстаграм, јасно ставајќи до знаење дека нејзиниот син нема никаков профил на оваа мрежа.

Среќна баба – ново поглавје во семејството Мирковиќ

Само неколку недели претходно, пејачката ја сподели најубавата вест, стана баба за првпат. Нејзиниот син Марко и снаата Мелани, кои живеат во Виена, добија ќерка во приватна клиника, далеку од очите на јавноста.

По раѓањето на бебето, Драгана се огласи на Инстаграм и сподели фотографии од семејната прослава во својот замок во близина на Виена, каде што гордо позираше во маичка со натпис:

„Најгорда баба на светот.“

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....