16.8 C
Скопје
20:12 - 9 мај, 2026

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Откако како многу мали останаа без татко, ги одгледа нивната мајка. Познатиот пејач и неговата сестра, која е актерка, ѝ се заблагодарија со емотивни зборови.
Пејачот Димитар Андоновски во неколку наврати рекол дека смртта на неговиот татко кога бил дете многу го болела, а го боли и денес.
– Загубата на мојот татко беше голема загуба за моето семејство. Јас бев дете и нормалн, ми беше многу тешко затоа што чуствував голема потреба за неговото присуство. Но, благодарен ѝ сум на мојата мајка Гордана којашто се постави како столб на семејството и во различни ситуации беше и татко и мајка.
Таа нѐ научи како да се бориме во животот и нè воспита во луѓе со кои што верувам дека се гордее денес. Таа за мене е жена која е најголемиот борец што го познавам и човек од кој сум научил многу животни работи.
Мојот татко во тоа време беше многу познат човек во Битола затоа што беше прочуен гинеколог и имаше голем број пациенти кои буквално чекаа на ред за да стигнат до него. Беше целосно посветен на на професијата и им помагаше на многу луѓе – рече Димитар во една прилика во „Женски магазин“.
А денеска, неговата мајка слави роденден, па и тој и неговата сестра, познатата актерка Маја Андоновска-Илијевски ѝ го честитаа на Фејсбук.
Семејството Андоновски/Илијевски Фото/Фејсбук
– Ти си дел од мојата душа и мојата најголема животна поддршка. Жена која ме воспитала со љубов, сила и добрина – вистинска жена над жените. Среќен роденден, мамо. Да си ми жива, здрава и секогаш насмеана. Те сакам со сето срце – напиша пејачот.
Фото / Фејсбук
– Среќен Роденден мама. Мама, ти си ми темелот, на кој ја ѕидав мојата душа… потпорен ѕид, на кој се огледував кога требаше да ги зацврстам основите на животот мој. Ти си непробојно стакло,
со кое ја штитеше мојата кристална душа.
Ти си ураганот што ми дуваше в грб, за да полетам. Ти си мојата супер хероина која прередуваше брда и планини, неба и сонце. За само една насмевка на моето лице!
Ти си моето – Можеш, Верувам во тебе, Пробај пак, Горда сум на тебе. Ти си мојата сила, храброст, гласност, разум. И сè што сум јас денес, немаше да бидам, ако Бог не ме благословеше уште во утробата твоја да учам дека светот е поубаво место со жени од челик, а со стаклени очи како тебе – Мама –  напиша Маја Андоновска-Илијевски. 
Фото / Фејсбук, Маја Андоновска-Илијевски

Слични објави

(Видео) Згодната водителка среде пренос доживеа симпатична незгода: „Ова мора да е шега“

Т.Ц.

„Копав компири и кромид“: Нада Топчагиќ откри како го поминала Први мај

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ со шокантна објава за љубовта: „На жената ѝ даваш семе, таа ти раѓа дете“

Еспресо

„Љубовта е над човекот – не е само да се вљубиш, туку да станеш љубов“: Каде е денес турската актерка што ја толкуваше Аси, ликот што обележа една телевизиска ера?

Т.Ц.

Интимен момент на Антонио Бандерас и Мелани Грифит: Овој детаљ открива каков е нивниот однос по разводот

Т.Ц.

  Жељко Митровиќ ѝ го честиташе роденденот на првата сопруга – „Многу те сака твјот Жекс“

E.A.
Се вчитува....