25.8 C
Скопје
11:06 - 9 септември, 2026

Џон Траволта ја откри својата блиска средба со смртта: „Мислев дека е готово“

Џон Траволта вели дека неговото искуство на средба со смртта (додека управувал со авион во 1992 година) го инспирирало да прифати нова улога во краткиот филм на Дизни насловен „Овчарот“.

„Овчарот“ ја раскажува приказната за млад пилот кој се обидел безбедно да слета откако доживеал дефект на авионот додека бил во воздухот. Заплетот на приказната е морничаво сличен на она што го доживеал Џон Траволта, инаку лиценциран пилот, во 1992 година.

Потсетувајќи се на инцидентот на промоцијата на филмот во четвртокот во Лондон, Траволта рече дека доживеал дефект на авионот додека летал над Вашингтон со своето семејство.

„Знам какво е чувството кога мислиш дека ќе умреш“, рече Траволта. „Имав два млазни мотори, но инструментите откажаа, немаше струја, ништо… Мислев дека е готово“, вели.

За среќа, на крајот сепак, безбедно слетал. Затоа го привлекло сценариото кое се темели на истоимената книга на Фредерик Форшит од 1975 година, пишува Си-ен ен.

Во краткиот филм Траволта глуми Самарјанин кој го води младиот пилот (во улога на Бен Радклиф) на сигурно откако се наоѓа во опасност зашто му откажуваат радио-врската и струјата, со ограничено гориво во авионот.

Траволта нагласи дека Редклиф „го доближи тој очај кога мислите дека тукушто ќе умрете“.

Глумецот рече дека приказната длабоко го допрела зашто се работи „за живот и смрт и за тоа колку е скапоцен животот“.

Слични објави

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.
Се вчитува....