10:07 - 28 ноември, 2026

Џесика Симпсон откри како ослабела дури 45 килограми

Американската актерка и пејачка Џесика Симпсон по породувањето се бореше со многу вишок килограми, но и со анксиозност и депресија.

Но, благодарение на својата силна волја успеа да ослабе неверојатни 45 килограми.

Таа во интервју за „Екстра“ откри како и успеало тоа.

– Отидов кај нутриционист и морав да ги корегирам моите навики во исхраната. Откако ослабев 45 килограми, се чувствувам како старата јас, пред да ги родам децата – изјави Симпсон.

Таа истакна дека се чувствува многу помладо и има повеќе енергија, а за да ја одржи моменталната состојба мора строго да се придржува до планот на исхрана. Благодарение на нејзиниот личен тренер, актерката научила да ја балансира исхраната.

– Тоа значи дека имам три оброци во текот на денот, со цел телото да работи. Исто така, дополнително пијам смути и протеински пијалоци – изјави Симпсон.

Слични објави

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо
Се вчитува....