7.8 C
Скопје
07:17 - 28 април, 2024

Џенифер Лопез за врската со Бен Афлек: „Најубава љубовна приказна е тоа што добивме втора шанса“

џенифер лопез, бен афлек

Џенифер Лопез во последните месеци имаше повеќе од неколку причини за среќа. Нејзината музичка и филмска кариера е на врвот, нејзиниот нов филм „Омажи се за мене“ деновиве пристигнува во кината, нејзините близнаци Макс и Ема се здрави и среќни, а и на љубовен план се ѝ се среди.

52-годишната латино дива даде големо интервју за магазинот „Пипл“, чија нова насловна страница ја краси. А во самото интервју таа зборуваше за својата љубов и за врската со Бен Афлек, меѓу другото рече дека последните години „копала длабоко“ за да го достигне внатрешниот мир за кој можела само да сонува поголемиот дел од животот.

„Никогаш не ми било подобро. Се чувствувам навистина среќна, горда сум и среќна што сум во врска со него“, рече таа за повторно воспоставување на врската со Бен Афлек, додавајќи: „Најубавата љубовна приказна е тоа што добивме втора шанса“.

џенифер лопез, бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Двојката беше во врска од 2002 до 2004 година, кога ја откажаа свршувачката, а повторно се заедно од минатата пролет.

„Пред да ја објавиме нашата врска, бевме малку наивни и на крајот тоа нѐ згази. Овој пат и двајцата бевме возбудени и среќни и не сакавме тоа да се повтори. Постари сме, попаметни, со повеќе искуство и сме поминале многу во животот. И двајцата имаме деца и треба да бидеме свесни за овие работи. Сега сме заштитнички настроени затоа што навистина сè толку добро се намести“, рече Џенифер Лопез и додаде:

„Се чувствувам многу среќна што сум во врска која ме прави среќна и во која сум сакана, па затоа сакам да направам сѐ што можам за да ја заштитам.“

Како што призна, денес многу го цени тоа што ѝ дале втора шанса на нивната љубов:
„Кога ќе најдеш личност што навистина ја сакаш, а потоа ќе добиеш втора шанса. Тоа е навистина ретко и скапоцено, и затоа не можеме да го земеме здраво за готово“.

Џенифер вели дека таа љубов ја води, како и целиот свет и дека „љубовта победува се“, но и дека добрата и здрава врска позитивно влијае на сите и сите имаат корист од тоа.

Слични објави

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо
Се вчитува....