19:16 - 27 ноември, 2026

„Детето ќе ми беше несреќно да го родев пред 10 години“: Станија проговори за љубовните бродоломи 

Најпознатата балканска старлета Станија Добројевиќ отворено проговори за своите емотивни порази и желбата конечно да се оствари како мајка. Таа призна дека, иако материјално е обезбедена, на приватен план сè уште ја бара вистинската среќа.

Во рамките на реалното шоу „Задруга 9 Елита“, Станија одговори на коментарите дека не е емотивно исполнета, откривајќи детали од нејзините врски со моќни мажи, вклучувајќи го и мистериозниот милијардер, но и контроверзниот Асмин.

„Милијардерот ме тераше да гледаме цртани“

Станија откри дека животот со светските моќници не е секогаш како од бајките.

„Мислев дека со еден милијардер ќе имам совршен живот, дека ќе бидеме идеален пар, но тој ме тераше да гледаме цртани филмови наместо обични филмови. Не успеав да се поврзам со тие странци“, искрена беше старлетата.

Таа додаде дека и со Асмин верувала во подобра иднина, но дека работите брзо се распаднале.

Копнеж за семејство

И покрај луксузот и кариерата, Станија признава дека сега е вистинското време за мајчинство.

„Копнеам за семеен живот. Сакам семејство за кое ќе живеам. Да родев дете пред десет или дваесет години, тоа би било несреќно. Сега би му се посветила максимално. Но, кај мене секогаш е исто – штом помислам дека сум среќна, сè се распаѓа“, изјави таа.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....