16:11 - 9 ноември, 2026

Дарко Лазиќ искрено за долговите: „Пораснаа, сега се милион и пол…“

Пејачот Дарко Лазиќ зад себе има бурно минато, а минатата година конечно си најде спокојство покрај својата избраничка Катарина Лазиќ со која доби дете.

Дарко и во минатото имал долгови, а меѓу оние на кои им должел била и пејачката Зорица Марковиќ, која поради пријателство му ги простила долговите. Пари позајмил и од еден менаџер, со кој и денес работи, а долгот му го враќа на рати.

Лазиќ откри дека сè уште ги враќа долговите, и дека тие дури се и зголемени:

– Се уште не сум ги вратил долговите, тие се зголемени. Милион беше, сега е милион и пол. Но добро, штом почнам да работам, ќе ги вратам. Важно е да ја имам главата на рамениците – рече Дарко и додаде:

– Ако некои други должат, зошто јас не можам? Милион и пол евра воопшто не се малку. Не се шегувам. А што некој би се грижел дали должам или не? Треба ли некој да ме убие сега? Се е за луѓе, јас сум најнормален човек. А ако должам, знам дека ќе го вратам долгот – изјави Лазиќ за српските медиуми.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....