21:54 - 9 ноември, 2026

Цеца Ражнатовиќ ги повикува луѓето да се вратат на верата: „Имам духовник и постам…“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе тринаесет години активно пости и се причестува на големите празници.

Велигденските пости се во тек, а на балканската ѕвезда не ѝ пречи да јаде посна храна, бидејќи ја консумира поголемиот дел од годината. Таа им препорача на оние кои не постат да почнат, бидејќи тоа е исклучително важно за здравјето.

– Велигденскиот пост наголемо е во тек и затоа јадам посна храна. Таа за мене е како вид на детоксикација. Кога се тоа ќе се собере и одземе, во текот на годината повеќе постам отколку што јадам мрсна храна. На сите што не го прават тоа им препорачувам да почнат – рече таа во емисијата „Цеца шоу“ и додаде дека сака да јаде и месо:

– Кога не постам, исхраната ми се базира на месо и салати. Јас сум „месојадачка“! Имам нулта- позитив крвна група и моето тело сака протеинска исхрана која пред се вклучува месо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Пејачката откри дека во 2011 година на неа големо влијание имал владиката Стефан, тогашен монах, кога станува збор за постот:

– Првпат почнав да постам во 2011 година по разговор со тогашниот монах Стефан, сега владика. Пред тоа постев само во среда и во петок. Веќе 13 години го постам секој пост, а исто така и целото мое семејство. Зависи од денот и од постот, некогаш сме на масло, а некогаш на вода. Како што знаат сите што постат, нема голем број јадења што може да се подготват, изборот е стеснет, сосема. Олеснување за мене е што не сум љубителка на слатко, па не мора да се мачам ниту околу тоа.

Светлана истакна дека ужива во разговорот со владиката:

– Често разговарам со мојот свештеник владиката Стефан и тоа многу ми помага во разгледувањето на многу животни ситуации. Понекогаш ни се чини дека животните ситуации кои ни се случуваат се многу тешки и не можеме да ги надминеме, но всушност за се има решение и пат да стигнеме до тоа. Најважно е да се гледа на се рационално, а потоа и во мирна состојба и со ладна глава да се најде решение.

Таа е на мислење дека многу христијани се оддалечиле од Бога и постат поради начинот на модерниот живот:

– Живееме во многу брзо време. Луѓето не успеваат да им се посветат на своите деца како што треба, а да не зборуваме за другите важни животни навики. Затоа мислам дека на секој од нас му требаат барем неколку минути дневно да одвои за верата и да најде мир во себе.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....