13.8 C
Скопје
06:01 - 2 мај, 2024

Анџелина Џоли пак го обвини Бред Пит за физичко насилство: Малтретирање уште пред кавгата во авионот

Адвокатите на Анџелина Џоли тврдат дека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит бил насилен кон неа и пред неславната тепачка во авионот што доведе до нивен развод.

Сепак, овој инцидент бил првпат тој да употреби насилство врз нивните деца. Пред разводот, Пит, исто така, наводно инсистирал Анџелина да потпише документи за необјавување на наводното насилство, за да спречи тоа да стане јавно познато. „Дејли мејл“ го пренесува ова повикувајќи се на судски документи.

„Иако историјата на физичко насилство на Пит врз Џоли започна долго пред летот на семејството од Франција до Лос Анџелес во септември 2016 година, овој лет беше првпат тој да употреби и физичко насилство врз децата. Џоли веднаш го напушти Пит по овој настан“, се вели во документите.

„Пит сакаше таа да потпише договор за необјавување што ќе спречи објавување на документите за наводно насилство и договорно ќе ја замолчи Џоли за неговото наводно лично однесување, без разлика дали е поврзано со случајот со винаријата Шато Миравал или не“.

„Запечатените документи на Џоли, кои вклучуваа мејлови, резимеа на семејството и други докази, го оставија Пит загрижен дека информациите на крајот би можеле сепак да станат јавни“.

„Господин Пит одбива да го откупи уделот на Џоли во винаријата освен ако неговиот договор за необјавување, кој ќе ја замолчи, не биде потпишан“, тврдат адвокатите на Џоли.

Исто така, се појаснува дека Пит одбил да бара совет за прашања за семејно насилство и игнорирал сериозни семејни проблеми, барајќи делумно старателство над нивните шест деца, од кои три се посвоени. „Пит никогаш не се помири со ова и не само што бараше заедничко старателство, вклучително и за оние деца со кои немаше стабилни односи долги години, туку бараше и единствено старателство врз децата. И покрај овие вознемирувачки намери, велат адвокатите, Џоли сè уште не барала единствено старателство над децата: „Наместо тоа, таа се залагаше за потребите на децата да бидат приоритет и да донесе одлука заснована на тоа како децата се чувствуваат“.

Според адвокатите на Џоли, на децата не им било дозволено да сведочат. „Некои од нивните деца постари од 14 години се обидоа да сведочат за нивните преференции за старателство, што им следуваше според Семејниот законик, но Пит се спротивстави на нивното учество во судскиот процес“.

Инсајдер за Дејли меил тврди дека тоа е „неверојатно тажна ситуација“ и додава дека Џоли „само посакува Пит да може да продолжи понатаму и да ја остави на мира“.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....