22.8 C
Скопје
13:13 - 28 септември, 2026

Цеца е загрижена за иднината на Анастасија: „Сега таа е Шпанка, цел ден спие“

Анастасија Ражнатовиќ ужива во блажената состојба и одбројува до доаѓањето на нејзината ќерка, а нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ едвај чека да го добие третото внуче. Како што истакна, иако е свесна дека ќе следува банкрот бидејќи има многу работи за купување на девојките, таа е пресреќна што нејзиниот дом наскоро ќе биде побогат за уште еден член.

Од почетокот на врската на Анастасија, фолк дивата истакнуваше дека потенцијалниот зет Немања Гудељ е одлично момче, а за тоа говори и фактот што лани во мај во семејниот дом го угости целото семејство на Немања непосредно пред прославата на роденденот на Анастасија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Сепак, по неколку месеци односите меѓу семејствата на идните родители се заладија, но мислењето за избраникот на ќерката не се промени.

Идната баба конечно проговори и откри како нејзината ќерка ја поднесува бременоста. Цеца имаше само пофални зборови за бременоста на Анастасија бидејќи, како што вели, младата пејачка одлично ги поднесува сите промени кои се нормални во текот на деветте месеци. Но, она што ја загрижува е иднината која следи, која секако нема да биде ни приближно како порано бидејќи ја очекува не толку лесната улога на мајка.

Инстаграм

– Кога и да и се јавам на Анастасија, таа спие, сега таа е Шпанка, си отиде од сите нас. Ѝ реков да спие што е можно повеќе бидејќи подоцна, кога ќе стане мајка, никогаш повеќе нема да може да спие мирно – низ смеа рекла Цеца, пренесува српски Свет.

 

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо
Се вчитува....