16.8 C
Скопје
13:29 - 18 октомври, 2026

Чудо невидено! Александра Пријовиќ заработи 2,5 милиони евра и собори уште еден рекорд

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ со пет концерти за шест дена, е рекордерка во исполнување на загрепската Арена. Во тој период низ Арената поминале околу 90.000 луѓе, пишува српски „Курир“.

Сепак, како што тврди еден корисник на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), секој осми жител на Загреб ја слушал Прија, што е, исто така, незабележано досега.

– Александра Пријовиќ ја гледал секој осми жител на Загреб – се наведува, меѓу другото, во твитот на овој корисник.

Да потсетиме, поради Пријовиќ, хотелите и апартманите во Загреб беа преполни, а поради еуфоријата што владееше, беа закрчени и улиците, а се „родиле“ и нови бизнис идеи. Така, на патот од Славонија на обожавателите им дале одлична понуда: да ги земат од дома, да ги однесат до Арената, а потоа да ги вратат дома, и тоа за 50 евра.

– Уште пред да го објавам превозот, добив многу барања. Навистина ми „шамараа“ со пораки – вели  сопственик на компанија за превоз на патници од Славонија.

Цените за групи биле малку пониски, но се вртеле околу 50 евра. За 16 патници по концерт заработил 800 евра. За пет дена нивната заработка била околу 4.000 евра, а кога ќе се одземе трошокот за гориво, сумата е 3.500 евра. Тоа била претежно женска клиентела.

Пријовиќ, сепак, најмногу ја слушале сите оние кои работеле на овие пет концерти во загрепската Арена. Обезбедување, девојките задолжени за гардероба и келнери. Во гардеробата имало 50, во обезбедувањето 220, а келнери 180, велат организаторите.

„Прекрасно си поминавме, многу ја сакаме Прија. Имаше многу бакшиш. Најмногу се нарачуваше пиво, а од жесток алкохол – виски и џин“, рекле девојките од гардеробата..

Од Туристичката заедница на градот Загреб велат дека во периодот од 1.12.- 5.12. бројот на пристигнувања е за 22 отсто поголем од претходната година, а бројот на ноќевања е поголем за 14 отсто.

Прија престојувала со семејството, пријателите и бендот во луксузен хотел една недела. Ноќевање во нивниот луксузен апартман е околу 400 евра. Кога сè ќе се собере и одземе, пејачката заработила „чисти“ околу 2,5 милиони евра.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....