13.8 C
Скопје
20:28 - 20 октомври, 2026

Кој не смее да консумира кефир?

Кефир е ферментиран напиток кој потсетува на јогурт, а богат е со хранливи материи и пробиотици.
Според одредени наоди, овој напиток е стар повеќе од илјада години, а потекнува од Кавказ.
Наводно локалното население на Кавказ, познато по долговечноста и доброто здравје случајно го открило додека носеле свежо млеко во своите кожни ќеси.

Кефирот се произведува со ферментација од кефирни зрна, кои потсетуваат на минијатурен карфиол. Тие зрна се состојат од казеински и желатински колонии од микроорганизми кои се одгледуваат симбиотски. Понекогаш и културата на кефирот се нарекува Тибетска култура или кефирни печурки, но кефирот не е печурка, туку тоа е природен стартер, односно природни зрнца.

Податоци за енергетските вредности

Колку калории можете да очекувате на 175 мл кефир:
– калории: 97 kcal
-јаглени хидрати: 5-7 g
– маснотии: 3-6 g
– протеини: 4 g
– калциум: 10% RDI
– фосфор: 15% RDI
– витамин B12: 12% RDI
– магнезиум: 3% RDI

Добрите особини на кефирот за здравје

Една од причините поради која кефирот последните години е сè популарен се здравствените придобивки. Содржи многу хранливи состојки, протеини, Витамин Б, калиум и калциум.
Калциумот ги зајакнува коските, протеинот гради силни мускули, а калиумот е битен за здравјето на срцето. Меѓутоа, пробиотиците се најголемата здравствена придобивка од кефирот.

Според клиниката „Мајо“, пробиотиците помагаат кај следните здравствени потешкотии:
– ги подобруваат здравите бактерии кај гастроинтестиналниот тракт;
– ги лечат проблемите при варењето, посебно по користење на антибиотици;
– го лечат синдромот на иритирачките црева или ги ублажуваат неговите симптоми;
– ги намалуваат или спречуваат гастроинтестиналните инфекции или помагаат во заздравување;
– спречуваат или помагаат во лечењето на вагиналната инфекција;
– спречуваат или помагаат во лечењето на уринарниот систем;
Здравствената корист од кефирот може да се прошири и надвор од границите на пробиотиците. Едно истражување покажало дека кефирот го намалува холестеролот и го подобрува имунитетот.

Нуспојави од кефирот и кој не смее да го консумира

Иако консумирањето на кефирот носи многу здравствени бенефиции, можни се и некои нуспојави.
Може да се јават грчеви во стомакот, а најчесто луѓето ги чувствуваат после првото консумирање на кефирот.

Понатаму, кефирот се смета како сигурен за деца на возраст од една до пет години, но секако би требало да се провери со педијатар или лекар од општа пракса.

Децата помлади од една година не смеат да консумираат млечни производи од кравјо млеко, но затоа смеат мајчино млеко кое содржи природни пробиотици.

Личностите со автоимуни болести исто така треба да разговараат со својот лекар пред пиење кефир. Иако бактеријата во кефирот е корисна за личности со силен имунитет, таа може да ги покачи инфекциите или да ја влоши ситуацијата кај оние чиј имунолошки систем е надвор од рамнотежа.

Слични објави

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.
Се вчитува....