13:48 - 29 ноември, 2026

Бритни Спирс и Сем Асгари во центар на гласини дека се разделиле: Таа уловена во друштво на менаџерот, тој шета без бурма

Бритни Спирс и Сем Асгари предизвикаа гласини за раскинување откако беа забележани без бурми. Тоа го пренесува Daily Mail.

Бритни Спирс (41) беше фатена од папараците кога излезе од својот автомобил и се упати кон својот приватен авион за да оди на Хаваи со нејзиниот менаџер Кејд Хадсон. На сликите се гледа дека венчалниот прстен на Бритни и недостасува на прстот. Многумина почнаа да шпекулираат дека токму Кејт е новото момче на Бритни и до некаде и причина за разделбата на пејачката со Сем.

Истиот ден, сопругот на пејачката Сем Асгари е виден како се шета во Лос Анџелес, исто така без бурма.

Бритни Спирс го запозна Сем Асгари во 2016 година, се верија во 2021 година, а се венчаа во јуни 2022 година. Бракот со Асгари беше трет за Спирс. Првиот сопруг на пејачката беше новинарот Џејсон Александер, но во брачен статус останаа само 55 часа. Од 2004 до 2007 година, Бритни беше во брак со танчерот Кевин Федерлајн, со кого има два сина: 17-годишниот Шон Престон и 16-годишниот Џејден Џејмс.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....