10.8 C
Скопје
16:59 - 30 март, 2026

Бред Пит нарекол едно од децата „колумбајновец“, а Анџелина „ја држел како заложник“ за време на кавгата: Нови детали од случајот на ФБИ

Порталот NBC објави нови детали од извештајот на ФБИ за конфликтот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит во приватен авион во 2016 година. Тогаш актерката го обвини Пит за физичко малтретирање на нејзиниот син Медокс, кој имал 15 години. Во авионот биле и петте други деца на парот.

Вчера се дозна дека актерката поднела тужба против ФБИ поради тоа што нејзините претставници потоа ја затвориле истрагата против Пит и не и ги доставиле списите на случајот. Новинарите успеаја да дојдат до тужбата, во која било вклучено и претходно необјавеното сведочење на Џоли за тој инцидент кој се случил во авионот.

Така, Џоли рекла дека Пит наводно навредил едно од ецата со зборовите: „Ова дете изгледа како проклето дете од Колумбајн“ (во досието на случајот што стигна до печатот, имињата беа прикриени, но веројатно станува збор за Медокс). Понатаму, Анџелина се сеќава дека тој и рекол нешто како: „Не знаеш што правиш“, јасно мислејќи на нејзините методи на родителство, се вели во извештајот.

Овој наводен коментар на актерот се чини дека се однесувал на масакрот во средното училиште Колумбајн во 1999 година, во кој учениците од 12-то одделение Ерик Харис и Дилан Клеболд убија 12 деца и еден наставник и повредија 23 други. Освен тоа, актерот ѝ се развикал на самата Џоли, велејќи дека таа го „уништува семејството“.

Џоли исто така рекла дека има „тензија“ меѓу неа и нејзиниот тогашен сопруг, додавајќи дека постапките на Пит направиле да се чувствува „заложник“ во авионот.

Според Џоли, тие отишле до опашката на авионот со надеж дека дерењето на Пит ќе биде подалеку од ушите на децата. Тогаш Пит, наводно, „ја фатил за глава, тресејќи ја, а потоа ја зграпчил за рамениците и ја затресол“ пред да удри „во таванот на авионот околу четири пати“.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....