04:02 - 9 ноември, 2026

Боки 13 ја поддржа Јелена Карлеуша по инцидентот со Тошиќ: „Нејзината храброст е инспирација“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

По инцидентот во куќата на Јелена и Душко на Дедиње се огласи близок пријател на Дивна Карлеуша.

Станува збор за Боки 13, кој истакна дека Јелена е неговата вечна инспирација и дека може да смета на неговата поддршка, пренесуваат српските медиуми.

Јелена на својот инстаграм-профил ја сподели објавата од Боки.

„Целата моја сила, љубов и добра мисла ѝ ја испраќам на Карлеуша. Нејзината храброст е инспирација“, напиша Боки.

Потсетуваме, Јелена го пријави својот отуѓен сопруг Душко Тошиќ поради физички напад на нејзин пријател и физичко посегнување по неа. Набргу по пријавата, полицијата пристигнала на терен каде ја затекнала Јелена со нејзиниот пријател Н.Ј. Тие изјавиле дека Тошиќ видно пијан дошол во куќата од која има клуч, па го фатил пријателот на Јелена за врат и го удрил неколку пати по главата и телото.

Пејачката се обидела да ги раздели, а Душко наводно ја влечел за коса и ја удрил неколку пати по главата и телото. Пејачката решила да не го суди својот сопруг.

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....