19.8 C
Скопје
11:52 - 1 октомври, 2026

Блиските ја учат како помалку да страда – Маја Оџаклиевска откри дел од најдлабоката интима

Маја Оџаклиевска со емотивен статус ги растажи своите Фејсбук пријатели. Скопјанката која живее во Белград го сподели следново:

„На еден од ѕидовите во мојата дневна соба има слики од сите драги луѓе што ги имаме во овој живот. Моите пријатели ми се лутеа и ми велеа да ги тргнам, за да не ме потсетуваат на фактот дека ги нема, ќе страдам помалку, велат тие.

Не страдам. Сè уште живеам со нив. Често разговарам со нив затоа што тогаш ми се чини дека не разговарам сама со себе како некој чудак. Одговорот на моите прашања одекнува во форма на мисла што ја сече тишината кога нема вистински одговор.

Тогаш разбирам дека не сум оставена, напуштена, затоа што мајка ми е секогаш со мене, со која ќе се изнаприкажам исто како кога беше присутна во овој живот.

Ти благодарам, мајко, за твојата строгост затоа што ме направи човек кој не се замерува со никого.
Ти благодарам за сите ќотеци со кои ми покажа дека треба да се воздржуваш од јасно искажани мисли!

Ти благодарам за твојата ненагласена љубов кон мене затоа што ми покажа дека можам да ја покажам на сè и на секого за кого ми е грижа! Извини за секоја солза што ја пролеа поради мене!
Ти благодарам мајко што ме роди!“.

Ова е всушност статус од пред десет години, но Маја, споделувајќи слика од неа и од мајка ѝ кога била мала рече дека оттогаш ништо не се сменило.

Фото/ Фејсбук

На новата слика, таа покажа каде живее. Претодно, Маја има кажано дека во село го наоѓа мирот, а живее со нејзиниот внук Лука кој е дете со аутизам. До сликата, Оџаклиевска напиша: Ви подарувам дел од виножитото.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо

(Фото) Сè „пука“ од страст – Сара Јо ужива во прегратките со Алексеј Бјелогрлиќ

Еспресо

Две едноставни состојки прават голема разлика — рецепт за најкремастата палента

Еспресо

Дневен хороскоп за 1 октомври: Трпението конечно ќе ви се исплати

apostolova

Сопругата на Ѓани е во болница поради влошено здравје: „Губи многу крв“

Еспресо

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо
Се вчитува....