12:36 - 28 ноември, 2026

Блејк Лајвли и Џастин Балдони се скарани, среде промоција на хит филмот: Еве ги деталите

Обожавателите на филмот „It Ends With Us“ се убедени дека колегите Блејк Лајвли и Џастин Балдони имале сериозна кавга, пишува Дејли мејл.

Многу очекуваниот филм, базиран на истоимениот роман на Колин Хувер, пристигнува во кината во петок, 9-ти август.

It Ends With Us ја раскажува приказната за цвеќарката Лили Блум, која се сели во Бостон за да го оствари својот сон да отвори сопствен бизнис, а ја игра Блејк.

Во Бостон, Блум запознава неврохирург по име Рајл Кинкаид, кој го игра актерот и филмски режисер Џастин Балдони. Како што напредува нивната романса, првата љубов на Лили, Атлас Кориган (Брендон Скленар), неочекувано се враќа во нејзиниот живот.

Сепак, некои обожаватели веруваат дека Блејк се скарала со Џастин. Конкретно, на премиерата во Њујорк е забележана одредена тензија меѓу ѕвездите. Главните ликови од новиот романтичен филм не се фотографираа на ниту една заедничка фотографија на настанот. Ова се повтори и на други премиери, на пример во Лондон.

Покрај тоа, тие не објавија заеднички снимки неколку недели пред објавувањето на филмот.

Корисниците на социјалните мрежи забележаа и дека и Блејк и писателката Колин неодамна престанаа да го следат Џастин на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by It Ends With Us (@itendswithusmovie)

„Треба да знаеме што им се случи на Блејк Лајвли и Џастин Балдони на снимањето на It Ends With Us“, напиша еден од корисниците на Инстаграм.

 

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....