13:41 - 7 ноември, 2026

„Бледа сум, имам чувство на тежина во главата“: Данијела Димитровска ги загрижи сите со нова објава

Поранешната водителка и манекенка Данијела Димитровска се огласи на социјалните мрежи и отворено проговори за ненадејната здравствена состојба која ја затекнала. Како што истакна, не може да си објасни што точно ѝ се случува.

Данијела призна дека се чувствува исклучително исцрпено, со силно чувство на тежина во главата и телото, како да се разбудила по неколку дена спиење, а сепак уште поуморна отколку што легнала.

– Луѓе, дали некој може да ми објасни што се случува? Што има во воздухот? Дали паднал притисокот, што е работава? Имам чувство на страшна тежина во главата и телото. Најблискиот опис ми е како да сум спиела три дена без престан и сум се разбудила уште поуморна. Не можам да се составам, како да гледам од туѓа глава. Гледам температурата осум степени, како нагло да скокнала, плус дува ветер. Не знам дали ме болат синусите или не, што се случува? А погледнете ме како изгледам, пребледена сум, навистина не знам што ми е. Не знам дали некој ми бае, ама ако баете, продолжете – рече таа во видеото.

Кој е Јеврем со кого се омажи Данијела Димитровска

Водителката и манекенка Данијела Димитровска пред неколку дена во тајност го изговори судбоносното „да“ со својот партнер Јеврем Косниќ. Тие се ветија на вечна љубов пред Бог, а на социјалните мрежи споделија делови од интимната церемонија.

Инаку, Јеврем Косниќ е поранешен фудбалер и е шест години помлад од Данијела. Роден е во Швајцарија, во Сент Гален, а фудбалската кариера ја започнал во Црвена Ѕвезда.

Како сениор играл за ФК Рад и ФК Бежанија, а потоа и за италијанскиот клуб Реџина. По враќањето во Србија настапувал за Војводина, но таму се задржал само една сезона. Кариерата ја завршил во Италија, во клубот Таранто, во 2020 година.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....