16:16 - 7 ноември, 2026

„Бев тажна во длабочината на душата“: Милица Тодоровиќ му се обратила на Новак Ѓоковиќ кога ѝ било најтешко

Српската пејачка Милица Тодоровиќ отворено проговори за периодот кога се соочувала со психички предизвици и откри дека во тие моменти побарала совет и од најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Тодоровиќ раскажала дека отсекогаш ја интересирале темите поврзани со духовниот развој и внатрешниот мир, а токму за тоа во повеќе наврати разговарала и со Ѓоковиќ.

„Мене отсекогаш ме интересираше духовниот развој. Се прашував зошто се случуваат одредени работи околу нас и зошто луѓето понекогаш знаат да бидат лоши. Најважно ми е да бидам во мир со самата себе, а тоа е најголемото богатство. Со Новак многупати сум разговарала за тоа. Го прашував: ‘Како, брате мили?’ Ми даде многу прекрасни совети. Неговиот начин на размислување е неверојатен. Со години работел на себе до степен ништо да не може да го исфрли од рамнотежа“, изјавила пејачката.

Таа истакнала дека не се срами јавно да зборува за своите проблеми и дека е важно луѓето да сфатат оти барањето помош од психотерапевт не е слабост.

Милица открила и дека минатата година донела тешка одлука да ја откаже целата концертна турнеја затоа што не се чувствувала добро психички.

„Се обидував да им објаснам дека не сум добро и дека не сакам по секоја цена да настапувам кога во длабочината на душата сум тажна, а не знам ни зошто. Можеби сум единствената пејачка што откажала цела турнеја. Светот нема да застане ако Милица Тодоровиќ откаже концерти. Имаше големи финансиски последици, но здравјето е на прво место. Да не ја откажев таа турнеја, можеби денес немаше да седам тука“, рекла таа во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

Пејачката неодамна повторно се појави во јавноста по раѓањето на синот Богдан и откри дека успешно се снаоѓа во улогата на мајка.

„Бебето е одлично, јас сум одлично и навистина уживам дома. Наскоро се враќам и на настапите“, изјавила Тодоровиќ.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....