19:38 - 4 ноември, 2026

Беше фраериште: Игор Џамбазов откри интересна приказна за татко му Александар, и му посвети нешто специјално

Игор Џамабзов откри интересна приказна за неговиот татко, маестро Александар Џамбазов кој почина на 25 јануари во 2022 година, на 85 години.

Познатиот актер објави една слика од татко му и му посвети специјална композиција, прочуената „Рапсодија во сино“ од Џорџ Гершвин.

-Вака-така, татко ми Џамбаз беше фраериште…Додуша малку му се искривила пеперутката под грлото, ама и тоа е некако…со стил“, напиша Игор до постарата слика од маестро Џамбаз на која досега не била објавена.

-Тука е маестрото. Секој ден. Неговите вицови и афоризми кои ми ги кажуваше секој пат кога ќе се видевме, неговата прекрасна насмевка, неговата музика.

Еден од последните совети што ми ги даде беше: Синко, знам дека сакаш уште многу работи да направиш, ама немој тоа да биде по цена на твоето здравје. Здравјето нема цена“, рече Игор за татко му во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.
Се вчитува....