5.8 C
Скопје
00:54 - 1 април, 2026

БЕРОВО СЕ СЕЌАВА И НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАБОРАВИ

За Беровци, овој ден, наместо ден за голема радост, претставува болно сеќавање за најмилите.

На големот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, пред 25 години, далечната 1996 година Малешивијата ја погоди голема трагедија. Овој крај, никогаш нема да го заборави немилиот настан. Малкумина од новите генерации во останатиот дел од Македонија чуле за громовите кои утепаа 9 лица, а децетици беа повредени. Народниот собир во манастирот Голема Богородица, од празнување, се претвори во врескотници и плач кој до ден денес го слушаат преживеаните. Оваа крвава прослава за големиот верски празник, низ годините, најчесто е посочувана како пример за божја казна поради нарушување на православните начела за скромност во прославувањето, како и за принесувањето на курбан, односно на животински жртви што e, исто така, строго забрането но, се применува во голем број на прослави низ манастирите во Македонија.

Според раскажувањата на некои, трагедијата се случила поради, во тоа време, зачестената практика чинот на празнување на Голема Богородица да се нарекува курбан, бидејќи тој збор бил израз на една друга, нехристијанска вера. Други, пак, објаснуваат дека бакарот ја привлекол молњата со некакво атмосферско празнење.  Свое сведоштво, за телевизија Стар даде и новинарката Љубинка Клинчарска која прва ја пренесе веста, а сега е во пензија.

Беровци и по толку години со чудна внимателност се подготвуваат за секој 28 август. За нив, овој ден, наместо ден за голема радост, претставува болно сеќавање за најмилите.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....