23:35 - 29 ноември, 2026

Автобиографската песна на Марко Менгони ги освои радио-станиците: Еве за што зборува текстот

73. издание на фестивалот во италијанското Санремо заврши со огромна победа на Марко Менгони и неговата прекрасна песна „Два живота“ („Due Vite“) напишана заедно со Дарио Петрела.

Познатиот пејач го освои жирито, публиката, но и печатот и е на прво место по песните што се емитуваат на радиостаниците; меѓу другото потсетуваме дека Марко зад себе има солидна кариера; победник на X Factor 3, тој го освои Санремо во 2013 со песната „L’Essenziale“, доби 3 музички награди на MTV, се рангираше на седмото место на Изборот за песна на Евровизија во 2013 година…

Песната со која годинава победи на Санремо е автобиографска песна, која раскажува детали својствени за животот на уметникот кој со своите зборови ни дава можност да размислуваме особено кога се чувствуваме обземени од немили настани. Тој не убедува секогаш да реагираме и никогаш да не застануваме и да не се откажуваме.

Песната раскажува извадоци од животот на двојка кои можат да се толкуваат на два начина, животот како пар или дури и животот со себе; но пораката што ја пренесуваат зборовите на Марко е фундаментална. Покана да го живеете секој момент од животот како да нема утре, со интензитет, без никогаш да бидете заглавени во обесхрабрување или здодевност.

Текстот на оваа песна вешто ги меша сигналите што ни ги дава нашето несвесно со реалноста што ја живееме секој ден, но во секој случај, без разлика дали живееме сон или секојдневие, неопходно е да се соочиме со секој настан и со одлучност да продолжиме напред.

Видеото на песната е исто така емотивно, погледнете го во продолжение.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....