10.8 C
Скопје
21:44 - 19 октомври, 2026

Ана Николиќ и Јелена Карлеуша се фатија за коси: „Се плашам од најлошото за Ана“, „Не знаеш да пееш, Јелена“…

Ана Николиќ не престанува со ниски удари упатени кон нејзината поранешна пријателка Јелена Карлеуша, на што овој пат Карлеуша не остана имуна и се огласи на социјалните мрежи.

Иако по жестоката полемика се чинеше дека страстите меѓу двете малку се смирија, се чини дека оваа војна нема наскоро да заврши.

Николиќ ѝ нанесе низок удар на Јелена и ѝ препорача да посети психијатар, а покрај советите кои и ги даде на некогашната блиска колешка, упати и бројни навреди.

-Госпоѓа „вагинални монолози“, за почеток нека посети некој добар психијатар. Видовме се што има на располагање. Ова е тежок психијатриски случај – напиша Ана на Инстаграм „стори“, заклучувајќи: Извини што ги имаме истите адвокати. Ете толку од твојата упатеност знаење… Ајде, сјај повеќе! – заклучи изнервирана Николиќ.

Овие зборови очигледно ја погодија Јелена, која во својата објава на Инстаграм истакна дека се плаши од најлошото за Николиќ и дека нема да доживее да го види концертот.

-За жал, деновиве сите сме сведоци на тажното однесување на некогаш прекрасната личност и поранешна ѕвезда Ана Николиќ. Нејзиното опкружување, пријателите и новинарите на кои дава интервјуа се главно во пеколот на наркотиците и на најлош можен начин влијаат на лабилната личност на Ана. Тоа е пат без враќање. Не го пишувам ова поради секојдневните јавни навреди на моја сметка од нејзина страна, навикната сум на тоа. Не реагирам од сожалување. Го пишувам ова затоа што, човечки и искрено, се плашам од најлошото за неа. Ако продолжи вака, можеби нема да го доживее концертот што го најавува…Луѓе, нема ли некој кој може да ѝ помогне на оваа несреќна жена – напиша Јелена на Инстаграм.

Тогаш Ана продолжи со одговор – „Мојата драга колешка (која не знае да пее), очигледно се грижи за мене Би ѝ препорачала да се врати кај соиграчите на бившиот сопруг и да се допишува со нив, бидејќи немам време за неа. Моментално во студио пејам песна за љубовта, а дотичната не го знае тој збор..Може да ми биде гостинка на концертот, но како танчерка во танцова група – одговори Николиќ.

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....