20:31 - 9 ноември, 2026

Поранешниот батлер на принцезата Дајана сака да разговара со Вилијам и Хари: „Сакам да им ја кажам вистината“

Пол Бурел, поранешниот батлер на принцезата Дајана, откри дека сака да разговара со нејзините синови, принцовите Хари и Вилијам. Минатиот месец открил дека има рак на простата, па решил дека е време да разговара со синовите на Дајана за да им каже се што знае за нивната мајка.

– Знам дека дел од тоа не е убаво, но ако го напуштам ова место и отидам на друго место, никогаш нема да дознаат. Мислам дека треба да знаат“, изјави тој за Мирор, додавајќи: „Мојата болест го фокусираше моето внимание да им кажам на момчињата работи пред да биде предоцна, кажувајќи им што навистина треба да знаат. Мислам дека Дијана би ми рекла: Пол, ова мора да ти биде приоритет. Мора да одиш да ги видиш моите момчиња“.

Пол бил многу близок со Дајана и многу време поминувале заедно. Пол претходно се опиша себеси како најдобар пријател на Дајана и тврдеше дека тој е единствениот маж на кој му верувала.

– Поминав многу часови со Дајана, во нејзините најсреќни и најмрачни времиња. Таа ми се довери и има многу работи за кои никогаш не сум разговарал, но сега чувствувам дека е вистинското време. Мислам дека она што имам да го кажам би можело да ги спои момчињата да бидат пак заедно, што Дијана очајно би го сакала. Само ќе им ја кажам вистината, тоа е се. Не барам ништо за возврат, изјави Пол.

Смета дека тоа што ќе им го каже би можело повторно да ги спои.

-Зарем не би било одлично да се видат момците како работат на нивната врска и да се вратат таму каде што треба да бидат? Тоа би го сакала јавноста. „Би сакал да го видам Вилијам како го прегрнува својот брат, но мислам дека нема да го видиме тоа бидејќи има премногу пречки на патот“, рече тој.

– Има работи што се случиле во светот на нивната мајка за кои можеби не знаат. И мислам дека тоа може да пополни некои празнини. Ако некогаш седнеме, би му рекол на Вилијам: Ова е внатре во овие ѕидови и никогаш нема да излезе надвор, додаде тој.

 

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....