23:49 - 29 ноември, 2026

Актерот Џим Кери се најде на руската листа на санкционирани

Министерството за надворешни работи на Русија воведе санкции против уште 100 канадски државјани како одговор на санкциите наметнати врз руските граѓани од страна на канадската влада.

На листата се најдоа и холивудскиот актер Џим Кери, познатата писателка Маргарет Атвуд, писателот и режисер Дејвид Безмозгис и актерката Кетрин Виник.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлучило за новата рунда санкции „како одговор на практиката, спроведена од режимот на Џастин Трудо, за воведување санкции против руското раководство, политичари и парламентарци, претставници на бизнисот, експерти и новинари, културни личности“.

Руските санкции доаѓаат откако Канада најави нова рунда санкции за полициските истражители, обвинители и судии. Од почетокот на офанзивата во Украина на 24 февруари, Канада санкционираше повеќе од 1.400 поединци и ентитети во Русија, Украина и Белорусија.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....