25.8 C
Скопје
15:19 - 29 април, 2024

(Видео) Последната необјавена песна на Шинејд О’Конор се појави во драма на Би-би-си: Потресна како и нејзиниот живот

Необјавената композиција на Шинејд О’Конор „Песната на Магдалена“ беше премиерно прикажана во понеделник на 25 септември за време на последната епизода од серијалот на Би-Би-Си.

Песната на ирската пејачка Шинејд О’Конор, која почина на крајот на јули оваа година, стана саундтрак на последната епизода од мини-серијата на Би-Би-Си „Жената во ѕидот“ (The qoman in the wall).

Композиторот на серијата Дејвид Холмс, кој ја продуцираше музиката на О’Конор пред нејзината смрт, рече дека пејачката дозволила песната да се користи пред почетокот на снимањето, иако Шинејд жестоко се изјасни против постхумното објавување на музиката две години пред да почине.

„Шинејд даде дозвола да се користи песната уште пред да започне снимањето на сријата и кога продуцентите ја слушнаа беа изненадени дека имаат нешто толку моќно.“, се сеќава Холмс.

Она што е навистина неверојатно е дека содржината на песната на Шинејд, како и заплетот на серијата, магично се поврзува со сопствената приказна на пејачката. На 15-годишна возраст, О’Конор била сместена во една од куќите прикажани во филмот кога нејзините родители ја фатиле како краде. Таа често зборуваше за нејзиното сочувство кон оние кои биле злоупотребувани од црквата.

„Мислам дека она што Шинејд се обидуваше да го каже е дека иако поминала низ многу тешкотии, тоа не ја спречило да биде она што сака да биде. Никогаш не зборувала за значењето на нејзините песни. Таа се шегуваше дека често им кажува на луѓето дека нејзините песни зборуваат за нешто сосема поинакво од она за што тие размислуваат. Но ова… Ова се вика „Песната на Магдалена“, истакна продуцентот сметајќи дека пејачката секогаш носеа такни пораки од нејзиниот живот во песните.

Телевизиската серија на Би-Би-Си „Жената во ѕидот“ ја раскажува приказната за злогласните домови наречени Магдалена, христијански институции кои функционирале од 18 до 20 век и обезбедувале засолниште за невенчаните трудници. Мрачниот звук на Песната на Магдалена“  додава посебна драматична атмосфера на самиот крај на серијата, која не е само социјална драма, туку и психолошки трилер.

„Лудо е што последниот ваков дом се затвори дури во 90-тите. Тие девојки навистина беа мачени. Никогаш не можев да го разберам колективното зло на тие калуѓерки“, заклучи Холмс.

Порака на Шинејд О’Конор до децата: „Ако умрам, внимавајте издавачките куќи да не ви ги украдат моите пари“

 

 

Слични објави

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо
Се вчитува....