17:31 - 7 ноември, 2026

21 година затвор за човекот кој го застрела шетачот на кучиња на Лејди Гага

Џејмс Хауард Џексон, кој минатата година пукаше и го рани шетачот на кучињата на Лејди Гага додека ги крадеше нејзините француски булдози, ја прифати спогодбата за признавање вина и е осуден на 21 година затвор.

Според Канцеларијата на окружниот обвинител во Лос Анџелес, Џексон се изјаснил дека не ја оспорува едната точка од обвинението за обид за убиство и дека ги признал наводите за нанесување тешка телесна повреда.

Тој беше обвинет за обид за убиство, заговор за извршување грабеж и напад со полуавтоматско оружје.

Во соопштението од Канцеларијата на окружниот обвинител се наведува:

„Спогодбата за признавање вина утврдува одговорност на господин Џексон за извршување ладнокрвен насилен чин и обезбедува правда за нашата жртва“.

Џексон беше еден од петте луѓе кои учествуваа во насилниот грабеж на домашните миленичиња на Гага, но властите велат дека бандата конкретно не ја таргетирала поп-ѕвездата бидејќи не знаеле дека кучињата се нејзини.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....