11:23 - 7 ноември, 2026

Златна бубамара ветува незаборавно шоу во „време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза“

Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која се одбележа сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј.

Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе ja раскаже изминатата година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.

– Во ова време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение. Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика, се вели во објавата.

БИЛЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА НА 23 ФЕВРУАРИ ВО 12 ЧАСОТ преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk

Од Бубамара ни најавуваат незаборавна престава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....