03:38 - 9 ноември, 2026

Жика Јакшиќ се скарал со кумот на Саша Поповиќ, до конфликтот дошло на еден настап: „Кога ќе се налутам, тоа е крај“

Запознавањето меѓу пејачот Дејан Ќирковиќ – Ќира и Жика Јакшиќ датира уште од школските денови, а во еден момент решиле да се поврзат и деловно, па заедно биле дел од музичката група „Ритам срца“.

Ќира, кој е и кум на покојниот Саша Поповиќ, откри дека еднаш дошло до караница меѓу него и Жика.

„Жика ми е пријател од раѓање, но откако е во Белград има многу работа и обврски, па не успеваме толку да се гледаме,“ изјавил пејачот еднаш.

Ќира откри дека за време на еден настап се скарале со Жика, па тој ја оставил гитарата и слегол од бината.

„Нешто јас се навредив на него и се налутив. Инаку, ја имам таа лоша особина – кога ќе се налутам, повеќе не се смирувам. Но неговата добра особина е што знае да го премолчи тоа. Се сеќавам, ја оставив гитарата на сред бината, седнав во воз и се вратив за Штутгарт и реков – готово, крај со Ритам срца,“ раскажа Ќира за „Гранд“.

Потоа додаде:

„Жика почека да преспие, ме бараше, а јас не сакав да се јавам. А тој – повторно повика. Ми рече: ‘Извини, погрешив’, и ме повика да седнеме, да разговараме и како луѓе да расчистиме. И така продолживме понатаму, но ако не беше тој – кој знае, јас сум инаетчија.“

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....