01:03 - 8 ноември, 2026

„За мене таа не постои“: Харис Џиновиќ без милост за свадбата на Мелина со милионерот

Пејачот Харис Џиновиќ се огласи по веста дека неговата поранешна сопруга Мелина повторно стапила во брак, овојпат со британски милионер, со кого сега живее во Монте Карло.

Иако јавноста не престанува да зборува за нејзиниот нов живот, Џиновиќ јасно стави до знаење дека тоа воопшто не го интересира.

„Ништо не сум ни испратил, ниту ме интересира. Немам никакви желби ни пораки за неа. Таа едноставно не постои за мене и тука е крај“, изјави пејачот.

Тој додаде дека одамна го затворил тоа поглавје и целосно се посветил на својот живот, семејството и кариерата.
„Дали ќе се омажи, што ќе прави – тоа не ме интересира. Јас одамна продолжив понатаму“, рече Џиновиќ.

Пејачот откри дека периодов е фокусиран на настапите и спортот и дека се чувствува одлично.

„Се враќам од тениски турнир, играв и во Сараево, имав настапи… Животот ми е ведар и позитивен“, изјави тој.

Во меѓувреме, нивните деца имаат различен однос кон новата ситуација. Синот Кан не сака да биде дел од новиот живот на мајка си, додека ќерката Ѓина одржува близок однос со неа и веќе се запознала со нејзиниот нов сопруг.

На крајот, Џиновиќ испрати и порака која предизвика реакции: „Да не бев јас Харис Џиновиќ, ништо од ова немаше да биде гламурозно“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....