01:08 - 13 ноември, 2026

ВОДИТЕЛКАТА на Евросонг затајувала данок?

Израелскиот супермодел Бар Рефаели (33), водителката на овогодинешниот Евросонг во Тел Авив, мора на државата да ѝ плати околу 2 милиони евра данок.

Освен тоа, израелското Министерство за правосудство објавило дека ќе мора да плати и 30.000 евра судски трошоци. Рефаели е обвинета дека во целост не ги пријавила своите милионски заработки во Израел и во странство.

Иако изјавила дека во спорниот период, 2009 година, поголемиот дел од времето не престојувала во Израел, судот поинаку пресудил. Наводно плаќала многу ниска кирија за својот скапоцен стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил го добила за својата напорна работа.

Пред судот открила дека во 2009 година била во врска со Леонардо Дикаприо, со кого и живеела.
„Бевме во сериозна врска и тогаш не бев жител на Израел. Не морам да го плаќам израелскиот данок ако парите ги заработувам во друга земја – рекла Рефаели.

Во целиот случај се вмешани и нејзините родители кои се обвинети за „перење пари“.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....