5.8 C
Скопје
21:10 - 10 март, 2026

Вистинската причина за несогласувањето помеѓу војвотките Кејт и Меган излезе на виделина: Тоа ѝ беше најтешко да го прифати!

За несогласувањата кои владеат помеѓу сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, се зборува и пишува со години.

Со првото пристигање на Меган во кралскиот дворец започнаа и натписите во медиумите за нејзиното несогласување со војвотката од Кембриџ, а доколку може да се верува на натписите од вработените во палатата напишани во книгата „Kensington Palace: An Intimate Memoir from Queen Mary to Meghan Markle“, која треба да искочи кон крајот на месецот, конечно ќе се знае вистинската причина за несогласувањето на овие две дами.

Profimedia

Всушност, извор од палатата открил дека несогласувањето помеѓу Меган и Кејт започнало во првите денови после венчавката, а се кулминирало кога сопругата на принцот Хари станала свесна за една работа која никогаш не би можела да ѝ ја прости на Кејт.

„Кејт е всушност една од најљубезните личности во кралското семејство, таа не дозволува да животот во раскошниот дворец и кралското семејство ѝ удрат во глава, или барем не до некоја очигледна мера. Љубезна е кон вработените и беше многу срдечна кон Меган кога се пресели. Сепак, тензиите започнаа да се јавуваат кога Меган сфати дека иако е војвотка, сепак не е мажена за идниот крал. Тоа ѝ беше најтешко да го прифати“, стои во книгата.

Profimedia

Фактот дека и покрај венчавката со принц, таа нема еднаков статус како Кејт, ја разбеснило Американката која потоа одлучила со сите сили да раскрсти со дворецот, навел изворот.

Токму поради таа причина, многумина сметаат дека поранешната актерка имала главен збор во одлуката да се напушти Велика Британија заедно со принцот Хари и синот Арчи, но и да побараат среќа подалеку од Кејт и Вилијам, кои како што велат медиумите, им биле „трн во око“.

Слични објави

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо
Се вчитува....