01:36 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) ВНУКОТ НА КИЛИ НАПОЛНИ ДВЕ ГОДИНИ: Прекрасна роденденска прослава, а мама Нина најсреќна!

Актерот Кирил Поп Христов, познат на македонската јавност и само како Кили е горд дедо на две внучиња. Постарот внук, Аниш Круз, актерот го доби од својата помала ќерка Јоана, а помалиот Каи од постарата ќерка Нина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Dean (@ninadean)

Сестрата на Јоана, актерката Нина Деан, пред две години стана мајка и заедно со својот партнер го добија своето прво дете. Нина минатата година ја прифати понудата за брак од својот партнер Мартин Ивановски со кого беше неколку години во врска, а малечкиот Каи кој вчера го прослави својот втор роденден е плод на таа љубов.

Нина на својот инстаграм-профил објави прекрасно видео од роденденската прослава. Гордата мајка заедно со другарчињата на Каи ја пее познатата роденденска песна, а внукот на Кили и Гордана задоволно се смешкаше.

Среќен роденден Каи!

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....