20:19 - 8 ноември, 2026

(Видео) Владо Георгиев се огласи по скандалозното однесување: „Ме убија емоциите“

Црногорскиот пејач Владо Георгиев се огласи по концертното фијаско во саботата, во Херцег Нови, каде се појави во алкохолизирана состојба.

Имено, пејачот задоцнил два часа на сопствениот концерт, а откако се појавил – на публиката ѝ приредил непријатно изненадување. Тој веднаш почнал да пее, без да им се извини на своите обожаватели за доцнењето. Она што било повеќе од евидентно е дека едвај стоел на нозе, се тетеравел додека се движел на сцената, а во неколку наврати и ќе паднел за малку. Георгиев оставал впечаток дека нема контрола врз своето движење и делувал како да е во алкохолизирана состојба.

Вчера се појавија неколку снимки од скандалозното однесување на пејачот, а многумина на социјалните мрежи упатија критика до Георгиев за неодговорниот пристап во работата.

Денеска тој се огласи на социјалната мрежа Икс, игнорирајќи ги негативните сметки на негова сметка.

„Денеска ме убиваат емоциите. Луѓе, ви благодарам. Ова е ваше дело, не мое“, напиша Георгиев, објавувајќи неколку фотографии од концертот.

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....