01:34 - 7 ноември, 2026

ВИДЕО|Сара Мејс и Марија од „Ај Кју“ имаат заедничка песна, а спотот ќе сакате да го гледате повеќепати!

Дружењето и музиката си го направија своето, споија уметници кои створија едно музичко дело за уживање во овие есенски денови.

Сара Мејс и Ај Кју создадоа едно музичко дело за уживање во овие есенски денови. Песната е насловена како „Трепет“, за како што велат тие, „да влезат со трепет во есента“.

промо

Песната е на Сара и е настаната пред неколку години, кога на „Макфест“ е изведена од Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Ај Кју на Skopje Unplugged 2020.

промо

„Бојан и Марија честопати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиревме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента. Ова е за сите оние што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“, изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.

промо

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....