23:41 - 8 ноември, 2026

(Видео) Продаде над 180 милиони копии од своите албуми: Ова се најголемите хитови на Тина Тарнер

Американската и швајцарската пејачка, актерка и танчерка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, соопшти вчера нејзиниот портпарол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)


Нејзиниот претставник во изјавата рече:

– Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)


Тина Тарнер, родена Ана Меј Булок на 26 ноември 1939 година во Нутбуш, Тенеси беше американска пејачка и актерка која имаше швајцарско државјанство од 2013 година, чија кариера траеше повеќе од 60 години.

Нејзиниот успех, популарност и бројни награди и ја донесоа титулата кралица на рокенролот. Тина Тарнер ја започна својата кариера на 19 години, во 1958 година како пејачка и придружен вокал во „Kings of Rhythm“ заедно со Ајк Тарнер, со првиот сингл т.е. со песната „Малата Ен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)


Во 1960 година, на пошироката јавност и стана позната како Тина Тарнер кога настапуваше покрај Ајк Тарнер, со кого беше во брак од 1962 година до нивниот турбулентен развод во 1978 година.

Најголемите музички хитови во нејзината кариера се „Simply the best“ или „The Best“, „Proud Marry“, „I don’t Wanna Loose you“, „1984“, „What’s Love Got to Do with it“, „Private Dancer“, „I Can’t Stand the Rain“, „Help“, „River deep- Mountain High“ синглот што го отпеа со Ајк Тарнер, „We Don’t Need Another Hero“ и многу други хитови.

Тарнер важи за еден од најпопуларните пејачки во светот со над 180 милиони продадени албуми ширум светот.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....