12:57 - 13 јули, 2026

ВИДЕО | Нина Јанева: Прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сѐ!

За време на протестот „Правда за уставобранителите“, кој се одржа во саботата пред Собранието, а со барање за ослободување на осудените за „крвавиот четвтрок“, меѓудругите на сцената настапи и македонската пејачка Нина Јанева, која при изведбата ја згреши македонската химна.

Слично како и пејачката Тамара Тодевска која ја згреши химната пеејќи на прием во Американската амбасада во Скопје по повод 4 Јули, Нина ја испушти втората строфа во која се пее за македонските револуционери: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“

„1000 химни имам испеано, за првпат згрешив. Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, вели Јанева во интервју за „Женски Магазин“ и посочува дека иако во прв момент публиката реагирала бурно и негативно, веднаш штом таа побарала да ја препее химната, станало јасно дека се работи за грешка.

„Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар.. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите.. Патем прв и последен пат грешам химна во животов, ама емоцијата е посилна од сè. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани…Темата е многу чувствителна, оправдување нема! Човек од месо и крв.“, додава Јанева.

Социјалните мрежи деновиве се преплавени со коментари кои ги споредуваат пропустите на двете пејачки, Нина и Тамара. По грешката, Тамара беше силно критикувана од јавноста. По јавното извинување на својот Фејсбук профил, Тамара Тодевска ја истетовира строфата од химната што ја заборави.


Преземено од СлободенПечат.мк со претходна дозвола од порталот

Слични објави

Кога ќе одлучиш дека е време за поголема тежина, а тегот има друга идеја: хит-снимка од теретана на Лаура Гњатовиќ

Т.Ц.

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Т.Ц.

(Видео) Низ овој тунел на Хвар возачите возат со страв – не е за оние што страдаат од клаустрофобија

Т.Ц.

Стадо овци, шарпланинци, грациозни коњи – Спасен Силајноски на прошетка низ убавата Македонија

Еспресо

Хороскоп за 13 јули: Овните ќе бидат љубоморни, Раковите ќе се истакнат на работното место

Еспресо

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо
Се вчитува....