8.8 C
Скопје
11:15 - 19 март, 2024

Жените низ времето: Деновиве пред години Елизабета Втора беше крунисана за кралица, Милица Стојанова, Лори Андерсон и Жозефина Бејкер слават роденден…

2 јуни 1953 – Елизабета Втора беше крунисана за кралица на Обединетото кралство во Вестминистерската опатија по ненајдената смрт на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Кралицата Елизабета Втора е монарх со најдолго владеење во Велика Британија, соборувајќи го рекордот на кралицата Викторија која владеела повеќе од 63 години.

Фото: Mary Evans Picture Librar / Profimedia

3 јуни 1906 Родена е Жозефина Бејкер, танчерка, пејачка, француски агент за контраразузнавање, активистка – сè ова и многу повеќе беше оваа жена со префинет стил, која од гетото во Сент Луис, од екстремно сиромашно семејство, на 15-годишна возраст тргнала да го освојува светот. Нејзиниот талент за танцување и нејзината харизма ѝ овозможиле да дебитира на сцената на Бродвеј на само 16-годишна возраст. Откако го освоила Њујорк, пристигнала во Париз, а оттаму до најважните европски сцени. Посетувала најдобри учители за танц, а нејзиниот уникатен и провокативен стил кој граничи со скандалозен, стана училиште низ цела Европа во текот на дваесеттите години на 20 век. На нејзините настапи мажите лудувале по нејзиниот див чарлстон, често облечена во здолниште од розови пердуви или банани. Над 1.500 мажи ја побарале нејзината рака, десетици влегувале поради неа во двобој, а еден се самоубил пред нејзините нозе. „Црната Венера“ го трансформирала танцот чарлстон, кој тогаш бил непознат на Стариот континент, во вистински културен феномен. Се омажила петпати, а со последниот сопруг, познат диригент, посвоила 12 сиромашни деца од различни земји низ светот. Починала во 1975 година, од церебрална хеморагија, неколку дена по шоуто организирано да ја прослави нејзината 50-годишна кариера. Била пронајдена како лежи мирно во нејзиниот кревет опкружена со весници со блескави критики за нејзината изведба.

4 јуни 1998 – Во Шведска е донесен Закон за аболиција на проституција, наречен шведски модел.

5 јуни 1915 – Жените во Данска добиле право на глас.

5 јуни 1947 – Родена е Лори Андерсон, американска пејачка, текстописец и изведувачка на перформанси – една од најистакнатите претставници на експерименталната електронска музика од 60-те и 70-те години. Во раните 80-ти, се посвети на експерименталниот пост-панк и арт-поп и се искачи на врвот на топ листите со нејзиниот сингл „О Супермен“. Во 2007 година се омажи за Лу Рид, музички иноватор и движечка сила на „Велвет Андерграунд“, еден од највлијателните бендови во светот. Бракот траеше 15 години сè до смртта на Рид.

Лори Андресон за време на перформанс со американскиот музичар Луи Рид на фестивалот Порта Ферада во Жирона, Шпанија / Фото: EPA/ROBIN TOWNSEND

6 јуни 1932 – Родена е Милица Стојанова, позната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Добитничка е на повеќе високи признанија – на највисоката награда „11 Октомври“, на наградата на град Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Легендарната Милица Стојанова, животот на театарската сцена го започнува како матуранка, во 1952 година, кога ја игра Фафи во претставата „Помладата сестра“ – комедија во три чина и пет слики од Џером Кодоров и Џозеф Филдс, во самостојното режисерско деби на Илија Милчин / Фото: Милица Стојанова

Милица Стојанова со Стево Спасовски во Танцот на трендафилите, 1967. Милица ја игра улогата на чиновничката, на текст од современиот бугарски писател Валери Петров во режија на Бојан Дановски / Фото: Милица Стојанова

8 јуни 1929 – Политичарката Маргарет Бондфилд била поставена за министер на труд, како прва жена во владата во историјата на В. Британија.

Маргарет Бонфилд / Фото: Викимедиа / Public Domain

Неделен потсетник

Држи го лицето кон сонцето – и сенките ќе паѓаат зад тебе!


Извор: Женски Печат. / Слободен Печат. / Текстот е преземен со претходна дозвола од медиумот

Слични објави

(Фото) Сопругата на Канје Вест пак шокира: За 24 часа две „голи“ модни изданија

еспресо

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо
Се вчитува....