03:06 - 8 ноември, 2026

(Видео) Не беше облечена, а бараше потпис: Никола Станишиќ се отвори за обожавателките

За непристоен предлог кој го добил од обожавателка, раскажа македонскиот победник на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Никола Станишиќ. Тој гостуваше во „Цеца шоу“ на ТВ „Блиц“ кое го води Цеца Ражнатовиќ.

Кога Цеца го праша: „Кое е најнепристојното нешто што сте го доживеале од обожавателка“, тој прво одговори дека за такво нешто не сака да зборува во јавноста. Потоа, на инсистирање на Цеца, Никола рече:

„Една од тие желби беше на една девојка да ѝ се потпишам баш на гради“; рече Никола, а Цеца му оговори дека тоа не е тоа толку страшно, и го праша дали била облечена.

„Необлечена“, одговори Никола кој во емисијата што Цеца ѝ ја посвети на Македонија гостуваше со Каролина Гочева,  Иван Милески, Мики Секуловски и деветгодишниот Богдан Обрадовиќ, кој е европски боречки шампион.

Претходно, Никола во една емисија раскажа дека имал голем проблем во претходната врска бидејќи родителите на неговата девојка не го прифатиле.

„Раскинав со девојка ми поради приказните дека сум Ром, музичар, дека ќе ја оставам. Нејзините родители не ме прифатија, имаше многу проблеми. Се обидов да го издржам сето тоа, да трпам, но ако нешто е на сила, тогаш не функционира. Имавме притисок од двете страни“, рече Никола во подкастот.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....