5.8 C
Скопје
06:06 - 1 април, 2026

ВИДЕО: Кога ќе се збогуваат со Белата куќа, тука ќе го продолжат својот живот – Доналд и Меланија се селат во својата најраскошна вила!

Profimedia

И покрај тешко прифатениот пораз на американските избори, Доналд наводно му се радува на новиот живот кој го очекува во сончевата Флорида. На ова место тој секогаш го имал најсрдечниот пречек, голем круг на пријатели и едноставно тука се чувствува како дома.

Кога Доналд Трамп официјално ќе ја предаде својата титула на новоизбраниот претседател Џо Бајден, тогаш тој со сопругата Меланија и синот Барон ќе мора да се исели од Белата куќа.

Странските медиуми пренесуваат дека славното семејство одлучило својот живот да го продолжи на југот од земјата, на сончевата Флорида.

Според пишувањето на магазинот „People“, Доналд, Меланија и нивниот син Барон ќе се преселат во својата резиденција „Mar-a-Lago“ во Палм Бич на Флорида, а работата на реновирање и освежување на вилата, веќе започнала.

Оваа вила некогаш и припаѓала на успешната бизнисменка Марџори Мериведер Пост, а за потребите на семејството Трамп дополнително ќе се прошири и преуреди.

Работниците вредно работат со цел резиденцијата да биде што помодерна и посоодветна за семејниот живот на ова семејство.

Познато е дека Трамп на Флорида има најголем круг на симпатизери, повеќе од било кое место во САД, па тука буквално ќе биде пречекан како член на кралско семејство.

Со оваа одлука се согласила и неговата сопруга Меланија, која веќе започнала да ги разгледува училиштата на Флорида за својот син единец.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Тие сакаат својот дом да го направат потопол, помодерен и попријатен за живот. Меланија и Доналд повторно ќе имаат посебни соби“, изјави добро упатениот извор за американскиот магазин „People“, додавајќи дека семејството во оваа куќа нема да престојува преку летото, поради неподносливата горештина на Флорида. За време на летото тие овој простор ќе го заменат со некоја од своите недвижнини кои ги имаат низ Америка, заклучи изворот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....