8.8 C
Скопје
12:18 - 1 април, 2026

ВИДЕО: „Кога јагнињата ќе стивнат“ добива продолжение – Погледнете го тизер трејлерот за серијата „Кларис“

Кларис се враќа на терен како детектив во потрага по сериските убијци и сексуалните предатори, воедно носејќи се со политичките интриги во Вашингтон…

„CBS“ го објави првиот тизер трејлер за „Кларис“, серијата која ќе послужи како продолжение на култниот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ (1991). Премиерата е закажана за 11 февруари 2021 година.

Темата на серијата, во која Ребека Ридс ја толкува титуларната улога која ја прослави Џоди Фостер, се одвива една година по случувањето од филмот, и ја следи приказната на ФБИ агентот Кларис Стерлинг по застрашувачката средба со серискиот убиец Ханибал Лектор. Кларис се враќа на терен како детектив во потрага по сериските убијци и сексуалните предатори, воедно носејќи се со политичките интриги во Вашингтон.

Иако трејлерот ја обвива темата на серијата со мистериозен вел, повторно можеме да ги забележиме пеперутките кои се провлекуваа низ целиот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“.

„Кларис“ е најновата адаптација на романот на Томан Харис за Ханибал Лектор, а покрај Ребека Ридс, во серијата играат и Мајкл Кулдик, Лука де Оливеира, Кал Пен, Ник Сандоу, Девин Тајлер и Марни Карпентер.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....