30.7 C
Скопје
20:09 - 31 јули, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ПОЗНАТ РАПЕР ИЗБОДЕН СО НОЖ: Нападнат зад сцената од група мажи по што подлегнал на повредите

Раперот „Drakeo The Ruler“ бил избоден со нож за време на одржувањето на музичкиот фестивал „Once Upon A Time In LA“. Тој беше пренесен во болница, каде подлегна на повредите, а организаторите го откажаа настанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DRAKEO THE RULER (@drakeotheruler)

Дрејкео беше избоден со нож во вратот зад бината нешто пред 21 часот по локално време и беше пренесен во локална болница во критична состојба, објави на Твитер новинарот на „People“, Томас Миер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T4HH (@time4hiphop)

Раперот, чие вистинско име е Дарел Колдвел, бил нападнат во делот зад сцената на фестивалот од група мажи и бил сериозно повреден, изјавил извор за Лос Анџелес Тајмс кој имал „директно знаење за инцидентот“.

Полицискиот оддел на Лос Анџелес потврди на Твитер дека имало инцидент на фестивалот кој предвреме го завршил настанот. Тие рекоа дека патролата на автопатот во Калифорнија ќе им помогне во истрагата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hip Famouz (@hiphopfamouz)

Фестивалот „Once Upon a Time in LA“ објави преку своите официјални профили на социјалните мрежи дека шоуто завршило предвреме и ги повика гостите да се упатат кон излезите. Истата фотографија била изложена и на бимовите на бината и фестивалот веднаш штом се осознала сериозноста на ситуацијата.

Концертот се одржа на стадионот „Bank of California“ во „Exposition Park“ во Лос Анџелес, каде што требаше да настапат хип-хоп изведувачи како Снуп Дог, Ајс Кјуб, The Game, 50 Cent и YG.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jr Sanchez (@shhurfaded93)

28-годишниот Колдвел беше ослободен од обвинението за убиство во 2019 година за инцидент во 2016 година во Карсон, Калифорнија, во кој загина 24-годишен маж. Тој беше ослободен и од пет обвиненија за обид за убиство и за заговор за убиство.

Обвинителите на округот Лос Анџелес потоа се обидоа повторно да му судат на раперот за обвиненијата поврзани со истото убиство, што беше решено со спогодба за признавање вина. Тој беше ослободен од притвор во ноември 2020 година по три години затвор, од каде што сними целосен албум „Thank You for Using GTL“ во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DRAKEO THE RULER (@drakeotheruler)

Слични објави

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Северина ja објави една од најемотивните песни во кариерата

Е.А.

А каде е Јелисавета? Павле Менсур замина за Хрватска без девојката, а еве кој му прави друштво

Е.А.

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.
Се вчитува....