02:53 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) „ОВА ЛЕТО ЌЕ БИДЕШ МОЈ СОПРУГ“: Елена Стефановска и Бојан ја славеа љубовта, а на раката на водителката блеска прстен со пет дијаманти!

Вистинско уживање е да се следи профилот на нашата водителка, инфлуенсерка и продуцентка, Елена Стефановска, позната и како Елена – „Живот со стил“, по името на нејзината емисија.

Елена на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии, како од прекрасните дестинации кои ги посетува, така и од моментите поминати со своите пријатели, семејството и нејзиниот партнер.


Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „Да”.

На својот инстаграм – прифил Елена се пофали со вереникиот прстен со пет дијаманти во форма на круна.


„Кажав да”, напиша Елена споделувајќи ја фотографијата со дијаманскиот прстен на нејзината рака.

Набрзо по враќањето од Москва, Елена и Бојан организираа прекрасна прослава на која се славеше нивната голема љубов.

Елена со своите бројни фанови сподели моменти од прославата и радоста со која таа и Бојан ја споделија со своите најсакани.


„Ова лето ќе ми бидеш сопруг” – стои во описот албумот од фотографии кои водителката го сподели во своите фанови.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....