12:28 - 11 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) КАНЈЕ ВЕСТ ЗАБЕЛЕЖАН СО НОВА ДЕВОЈКА: Еден ден зборува за Ким, следниот излегува со Винетриа

Канје не е спремен да ја пушти Ким, но има и нова девојка…

Анонимни извори за „Page Six“ велат дека раперот Канје Вест, сега само Је, кој во интервју снимено минатиот месец изјави дека сè уште сака да биде со отуѓената сопруга Ким Кардашијан – „се гледа со“ моделот Винетриа „веќе некое време“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOPE SOUNDZ (@hopesoundz)

Исто така, странскиот медиум пренесува дека Винетриа била во Мајами со Вест кога го снимил сега веќе виралното интервју „Drink Champs“ и била виден на неговата „Неделна служба“ (собиранка од луѓе кои споделуваат музика и молитва) минатиот викенд.

Се чини дека нивната романтична ситуација сега добива посериозен пресврт, бидејќи Вест (44) и Винетриа (22) присуствуваа на нивниот прв јавен настан заедно овој викенд, каде што седеа во првиот ред на дебитантски кошаркарски натпревар на неговата „Академија Донда“ во Минеаполис.

Ова е втора јавна романса на Вест откако Кардашијан поднесе барање за развод од него во февруари по седум години брак и четири заеднички деца: Норт, 8, Сент, 5, Чикаго, 3 и Псалм, 2. Првата беше со руската манекенка Ирина Шајк.

(ВИДЕО) КАНЈЕ ВЕСТ НЕ САКА ДА СЕ РАЗВЕДЕ ОД КИМ КАРДАШИЈАН: Раперот се отвори во интервју

По настапот на Ким Кардашијан на „SNL“, во јавноста се појавија информации и фотографии за можна релација помеѓу ријалити ѕвездата и Пит Дејвидсон. На кои Канје, сега Је, реагираше во гореспоменатото интервју дека Ким е сè уште негова сопруга и тој немал видено документи за развод.

РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА: Ким Кардашијан повторно забележана со Пит Дејвидсон

КИМ КАРДАШИЈАН НАСТАПИ НА „СНЛ“: Пропеа, се обиде да биде контроверзна и смешна

Слични објави

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.
Се вчитува....