10.8 C
Скопје
13:14 - 27 октомври, 2026

КИМ КАРДАШИЈАН НАСТАПИ НА „СНЛ“: Пропеа, се обиде да биде контроверзна и смешна

ким кардашијан

Наодамна Ким Кардашијан се појави во улога на СНЛ, и во говорот од нешто помалку од пет минути успеа да се пошегува на сметка на сите членови на нејзиното семејство, вклучително и самата себе. Говорот предизвика поделени мислења…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

„Бев изненадена кога ме поканија, сепак премиерата на филмот ми беше одамна. А кога беше, не го знаев тоа“, започна говорот на старлетата, осврнувајќи се на нејзиниот скандал со интимното видео кое излезе во јавноста пред многу години.

Видеата од настапот на Ким на „SNL“ во моментов високо котираат на глобалниот тренд на „Јутјуб“, и досега се прегледани неколку милиони пати.

Нејзините обожаватели на социјалните мрежи ги споделуваат омилените шеги на Ким.

„Дојдов да покажам дека сум многу повеќе од убаво лице, убава коса, прекрасна шминка, одлични гради и совршен задник. Јас сум многу повеќе од фотографиите што моите сестри им ги покажуваат на пластичните хирурзи како референца“, се пошегува Ким.

„Никогаш не сум билa „спонзоруша“, не знам како се станува таква, па го прашав Кори, момчето на мајка ми!“, беше другата шега на Кардашијан.

Сепак, старлетата не ги воодушеви сите гледачи, па некои веруваат дека шегата за О. Џ. Симпсон била многу несоодветна и сметаат дека Ким ја поминала границата.

„Тој беше првиот Афроамериканец што го сретнав. Можете ли да ја „пробиете темнината“ и да погодите кој е?“, рече Ким, мислејќи на убиството за кое беше обвинет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allison Statter (@allisonstatter)

Таа го спомена и својот поранешен сопруг Канје Вест.

„Се омажив за најдобриот рапер на сите времиња. Талентиран гениј кој ми даде четири деца, а исто така и најбогатиот Афроамериканец во Америка. Кога раскинавме, знаете дека тоа беше поради неговата личност“, продолжи таа.

Покрај Ким, во скечевите глумеа и нејзината мајка Крис и сестрата Клои. Повеќето обожаватели на славното семејство беа воодушевени од нивниот настап.

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....