11.8 C
Скопје
16 октомври, 2021

(ФОТО) ХУМАНОСТ: Симона Георгиевска ја пострижа својата коса, а плетенката ја донираше во Холандија

Хуманоста ја создаваат младите. За хуманиот потег на Симона Георгиевска се слушна надалеку, а го поздравија сите кои слушнаа да тоа.

Симона како се реши да ја скратиш косата и да ја донираш за изработка на перика?

-Учам во средното медицинско училиште Панче Караѓозов и често во училиште се сретнував со разни болести меѓу кои е и ракот, кој за жал најчесто завршува фатално. Бидејќи нашата држава не изработува перики, мојата коса ја донирам во Холандија. Целта е да овозможам барем малку насмевка кај болните дечиња, малку среќа  – вели Симона.

Како дојде до информации каде можеш да ја донираш, да ја испратиш онаму каде што се изработуваат перики?

– Прво исконтактирав неколку социјални мрежи, од некои не добив повратни информации. Еден момент на социјалните мрежи ми излезе текст од еден татко каде што пишуваше дека неговата ќерка ја донирала својата коса. Ги исконтактирав, тие ми ги пратија сите информации кои ми беа потребни за да ја испратам косата на правото место.

Често пати може да се премислиме кога станува збор за кратење на косата која сме ја негувале долго време. Како беше сигурна дека тоа е тоа што сакаш да го направиш?

– Косата ја чував 7-8 години, годишно 3-4 пати ги обновував само врвовите. На одредени моменти многу размислував, но не ми беше жал што ќе ја скратам косата, затоа што со тоа ќе овозможам убави моменти за некого.

Знаеш ли за кого ќе биде изработена периката од твојата коса? Како ќе знаеш дека ќе пристигне онаму каде што е пратена?

– Не знам на кое дете ќе биде донирана мојата коса, но пратката ја следев преку интернет и знам дека е стигната таму.

Каква беше реакцијата на родителите, најблиските, другарките кога им кажа дека сакаш да го направиш тоа?

– Сите се воодушевија, од секоја страна имав поддршка. Во моментот кога ја кратев косата една од другарките беше со мене.

Дали повторно планираш да го направиш истиот хуман гест?

– Да, зошто да не. Би сакала да го повторам истото, односно да ја донирам косата повторно.

Постапката на Симона докажува дека кога хуманоста нема граници, лимитот е само небото. Браво Симона!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

БЕСТСЕЛЕРОТ ЌЕ ДОБИЕ ТВ СЕРИЈА: Последните денови на Џон Ленон од поглед на неговиот убиец

Ј.К.Д

ТОП СОВЕТ ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Зошто е важно за топење на мастите да сме малку гладни?

Еспресо

ДАЛИ СТЕ ВИЕ МЕЃУ НИВ?: Ова се најљубоморните и најпосесивните хороскопски знаци

Еспресо

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Како да направите совршени ражничи овој викенд

jasmina.kantardzieva

(ФОТО) ЦВЕТЕН РАЈ НА 1.100 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСИНА: Искусна фризерка, „исфризирани“ цвеќиња!

Ј.К.Д

(ВИДЕО) 14 ГОДИНИ ТАГА ПО ТОШЕ: А кој може тебе да те заборави?

М.Т
Се вчитува....