23.8 C
Скопје
14:55 - 30 септември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) СУЗАНА И АТИЏЕ ПОКАНЕТИ НА ГЛАМУРОЗНА ПРИВАТНА ПРОСЛАВА: Совршено стилизирани, во дует ги разнежнија присутните гости

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.

Неодамна двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видео спот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“.

Фото: Принтскрин / Facebook

Викендов Сузана и Атиџе беа поканети да настапат на една приватна прослава. Совршено стилизирани во елегантни тоалети двете дами настапија во дует изведувајќи една од песните од нивниот прв албум пред присутните гости.


– За некои луѓе никогаш не си сигурен дали се поубави однатре или однадвор. Таква е и нашата славеничка Елена Солаков – прекрасна, уникатна и беспрекорна во секој поглед. Атиџе и јас уживавме на родененската прослава. Среќен роденден драга наша Елена и продолжи и понатаму да им ги разубавуваш животите на луѓето, стои во описот на објавата на Турурнџиева со која и се заблагодарува на славеничката која ги поканила да бидат гости на нејзината прослава.

Сузана и Атиџе со својот настап ги разнежнија присутните гости кои уживаа во прекрасната изведба на двете дами чие искрено пријателство не освојува.

Слични објави

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо
Се вчитува....